Како функционира
Закуп на локации и простор на Општина Битола со електронско јавно наддавање: од огласот до договорот.
- 1Изберете локацијаВо огласот се цената, депозитот, роковите и терминот за наддавање.
- 2Уплатете депозит и поднесете пријаваСо е-пошта и код, без лозинка. Документите ги прикачувате или ги пополнувате онлајн, до рокот.
- 3Почекајте одобрувањеКомисијата ги проверува документите и уплатата и ве известува по е-пошта.
- 4Наддавајте онлајнВо закажаниот термин, од телефон или компјутер. Се прикажувате само со петцифрена шифра.
Што ви треба пред да почнете
- Е-пошта до која имате пристап.
- Лична карта, или за фирма: документите од Централниот регистар што ги бара огласот.
- Уплатница за депозитот, посебно за секоја локација. Скенирана или сликана со телефон.
- Изјавите заверени кај нотар, ако огласот ги бара. Образецот го пополнувате и преземате овде.
Ако документите се подготвени, пријавата трае околу 20 минути.